Поранешниот крилен центар на МЗТ Скопје, Данило Мијатовиќ најверојатно ќе биде второто засилување оваа сезона за сино-белите и ќе заигра во дресот на КК Куманово.
Од управата на клубот за Кумановски Муабети потврдија дека преговорите се завршени, но поради тоа што потписот на Мијатовиќ се уште не е ставен на договор не сакаа да избрзуваат со официјална потврда.
Мијатовиќ е второто поголемо засилување за тимот на Марјан Србиновски, откако пред една недела од романската лига пристигна Стефан Живановиќ, кој во своето интервју рече дека се очекува да пристигнат уште 2-3 нови играчи во клубот, а нешто слична изјава претходно имаше и тренерот Србиновски.
Инаку Мијатовиќ од МЗТ Скопје замина во романскиот клуб Динамо Букурешт, но очигледно не биле договорени сите детали според предвиденото, па деновиве се очекува да се приклучи на тренинзите на вицешампионот кој активно се подготвува за домашниот Супер куп, БИБЛ лигата, но и домашното првенство.
Loading...