Михаил Ангеловски од Куманово е прогласен за МВП – најдобар играч во М16 машката лига за мажи, со што го заокружи успешниот настап во сезоната и го потврди својот голем спортски потенцијал.
Ова значајно признание е резултат на неговата посветеност, дисциплина и континуирана работа на тренинзите и натпреварите, како и на покажаниот талент и зрелост на теренот.
Ангеловски, кој е ученик на Спортската академија, со своите игри се издвои меѓу конкуренцијата и заслужено го понесе епитетот најдобар играч во својата категорија.
Наградата, покрај личен успех за младиот спортист, претставува и потврда дека вложувањето во младите, правилната едукација и системската работа во спортот носат конкретни и мерливи резултати.
Ангеловски моментално настапува за клубот КК Водно санс.
Никола Ивановски

