Мигрантите на Табановце вакцинирани против детска парализа

Сподели со своите пријатели

Вкупно 165 мигранти кои се сместени во Транзитниот центар Табановце во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани со полио орална вакцина, односно против детска парализа, стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи.

Со вакцијацијата биле опфатени сите мигранти во кампот за кои нема контраиндикација за вакцинација.

Во меѓувреме во Општа болница Куманово завршиле две лица на кои им биле направени специјалистички прегледи, по што им била укажана соодветна медицинска помош и дадена адекватна терапија. Истите подоцна биле повторно вратени во кампот.

Инаку бројот на мигранти во кампот на Табановце од ден на ден е се помал, па така вчера биле регистрирани само 768 мигранти.

 

Loading...