Петнаесет мигранти се обиделе да се шверцуваат со товарен воз кој сообраќал од Грција кон Романија, но биле откриени на Табановце и спречени во нивната намера.
Loading...
– На 15.03.2021 во 22.20 часот во Полициската станица „Табановце-железнички“, вработен во Македонски железници пријавил дека во контејнер од товарен воз, кој сообраќал на релација Грција-Романија, забележал 15 лица за кои се сомневал дека се мигранти, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници извршиле преглед и констатирале дека 13 лица се од Авганистан и две од Пакистан.
Лицата се сместени во Транзитен камп „Табановце“ за понатамошна постапка.
Никола Ивановски