Мигранти од Еритреја и Сомалија вчера биле приведени во кумановско, а шверцерот го напуштил местото на настанот.
Loading...
– На 07.02.2021 во 18.05 часот од полициски службеници од Полициска станица Сопот, кај место викано „Обиколница Костурник“ било забележано патничко моторно возило „фолксваген фајтон“ со скопски регистарски ознаки кое се движело во правец од Куманово кон Граничен премин „Табановце“, при што кај „Обиколница Табановце“ од истото излегле 10 мигранти од Еритреја и Сомалија, а возачот го напуштил местото на настанот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Мигрантите се сместени во ПТЦ „Винојуг“-Гевгелија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски