Мигрант тешко повреден на Табановце, откако преживеал струен удар

Сподели со своите пријатели

Мигрант бил тешко повреден вчера на Табановце, откако преживеал струен удар. Уште 10 други мигранти биле приведени.

– На 13.03.2020 во 15.10 часот на Железничка станица Табановце на цистерна од товарен воз со тешки телесни повреди од струен удар се здобило едно лице – мигрант, кое било качено на цистерната. Лицето било пренесено во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Во цистерната биле пронајдени и уште 10 лица – мигранти и истите се предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply