Мигрант чиј идентитет е непознат, бил пронајден во бессознание на улица во Куманово, а утринава и починал во Општа болница Куманово.
Loading...
– На 16.12.2021 во 08:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово починало лице мигрант, со непознат идентитет, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
На 09.12.2021 година на улица „Никола Тесла“ во Куманово тој бил пронајден во безсознание и префрлен во Општа болница Куманово за понатамошно лекување.
Екипа од СВР Куманово презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лицe и расчистување на случајот.
Никола Ивановски