Мигрант од Египет во Табановце украл предмети на Црвен крст

Сподели со своите пријатели

Осумнаесетгодишен државјанин на Египет бил приведен под сомнение дека украл предмети на Црвен крст Куманово во Транзитниот центар во Табановце.

– На 15.12.2025 полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Х. (18) од Египет, поради сомнение дека во Транзитен центар во Табановце одзел предмети од контејнер, сопственост на Општинската организација на Црвен крст Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат, М.Х. е приведен во полициска станица и против него до ОЈО Куманово е поднесена кривична пријава по брза постапка.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетничка физички нападната на паркинг во Куманово