Мицотакис: Потребни се дополнителни средства за справување со климатските промени

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска изјави дека Европа е глобален лидер во зелената транзиција, но дека се потребни дополнителни средства за справување со последиците од „екстремните климатски промени“.

Loading...

Говорејќи на самитот на ОН за климатски промени COP29 во Баку, Мицотакис предупреди дека Европа не смее премногу да се фокусира на долгорочните цели како што се целите за 2050 година, а истовремено да ги занемари итните потреби од 2024 година, објави Ројтерс.

„Не можеме премногу да се концентрираме на 2050 година и да ја заборавиме 2024 година“, рече Мицотакис, нагласувајќи ја потребата од поголеми ресурси за подготовка, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Паника во Киев: Уште две амбасади ги затворија вратите подготвувајќи се за воздушен напад

Тој додаде дека се потребни дополнителни инвестиции за да се спасат животи и да им се помогне на луѓето и заедниците да се опорават од природните катастрофи, кои стануваат се почести.