Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска го повикал украинскиот претседател Володимир Зеленски и му рекол дека Грција ги поздравува најстрогите санкции на ЕУ против Русија по нејзиниот напад и дека е подготвена да обезбеди помош.
Грчкото Министерство за здравство испраќа лекови и медицински материјали во Украина, соопшти канцеларијата на Мицотакис, пренесе Ројтерс.
Грчкиот амбасадор и персоналот на амбасадата во Киев, кои вчера од безбедносни причини со автомобил го напуштија главниот град на Украина, безбедно ја минаа молдавската граница, соопштија амбасадорот и претставници на Министерството за надворешни работи.
Конзулатите во Мариупол и Одеса ќе останат отворени за да им пружат помош на грчките граѓани и странците, рекоа тие.

