Мицотакис го номинира Константинос Тасулас од Нова демократија за претседател на Грција

Сподели со своите пријатели

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис го номинираше претседателот на парламентот Константинос Тасулас од неговата партија Нова демократија за нов претседател на Грција.

Loading...

Тој на денешната средба за ова ја известил актуелната претседателка Катерина Сакеларопулу, чиј мандат истекува во март, и ѝ се заблагодарил за се што направила за време на нејзиниот мандат, пренесува „Катимерини“.

Во 2019 година, Тасулас беше избран за претседател на грчкиот парламент, позиција на која беше реизбран во мај 2023 година и по трет пат во јули 2023 година.

Бил и грчки министер за култура и спорт, заменик министер за национална одбрана и градоначалник на Кифисија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бугарија: Радев денеска му додели мандат на кандидатот за премиер Жељазков

Веднаш по објавувањето на имињата на кандидатите треба да се одреди датум за првото парламентарно гласање за избор на грчкиот претседател.

Мандатот на Катерина Сакеларопулу истекува на 13 март 2025 година, а за избор на нов претседател се предвидени најмногу пет гласа, со разлика од пет дена.