Метеор кој предизвика силна експлозија над предградие на Питсбург на Нова година, експлодирал во атмосфера со енергија еквивалентна на 30 тони ТНТ, потврдија американските власти.
Loading...
Во текстот на веб-страницата на НАСА се наведува дека метеорот би бил лесно видлив дури и во текот на денот доколку не било облачно и мрачно време, како и дека испуштал 100 пати повеќе светлина од полната месечина, пренесе АП.
Жителите на Саут Хилс и други области известија дека слушнале силен звук и почувствувале како нивните домови се тресат, но претставници на округот Алегени потврдија дека немало сеизмичка активност или гром.