Метални столпчиња поставени на тротоарите на булеварот „Трета МУБ“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Екипи на Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ поставија метални столпчиња на дел од булеварот „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово.

 

 

Целта, како што појасни градоначалникот Максим Димитриевски е одделување на пешачкиот од моторниот сообраќај.

 

 

На булеварот „Октомвриска револуција“ во минатото беа поставени пластични, но се покажа дека можат да бидат уништени од несовесните граѓани, па општината подоцна премина на метални кои ги постави на неколку локации меѓу кои и пред средното економско училиште.

 

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од полноќ нови цени на дел од горивата