Мета се извини откако го вметна зборот „терорист“ во описот на профилот на некои палестински корисници на Инстаграм, за што велат дека е „грешка во автоматскиот превод“.
Проблемот ги погоди корисниците на кои во описот на нивниот профил е напишан зборот „Палестинец“, палестинското знаме и зборот „алхамдулила“ на арапски.
„Фала му на Бога, палестинските терористи се борат за својата слобода“, гласи реченицата по автоматскиот превод, пренесува Гардијан.
Портпаролот на Мета за британскиот весник изјави дека проблемот е решен и дека автоматскиот превод сега гласи само „Фала му на Бога“.
„Поправивме проблем што накратко предизвика несоодветни преводи од арапски. Искрено се извинуваме за тоа што се случи“, изјави портпаролот.