„Мета“ под истрага во Италија

Сподели со своите пријатели

Италијанскиот регулатор за конкуренција соопшти дека покренал истрага против сопственикот на Фејсбук, Мета, тврдејќи дека ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот во преговорите со друштвата на уметниците за исплата на хонорари за објавување на нивните дела.

Loading...

Италијанското друштво СИАЕ претставува актери, танчери и други уметници и преговараше со Мета за доделување лиценца за користење на нивните дела на платформи како Фејсбук и Инстаграм.

Платформите на Мета преговараат со компании кои ги застапуваат уметниците за условите за објавување на нивните дела и за плаќање на хонорарите.

Спор меѓу Мета и СИАЕ

Договорот меѓу Мета и СИАЕ истече во јануари, а преговорите за негово продолжување заглавија, а на крајот на март Мета ја забрани музиката на уметниците претставени од компанијата на своите платформи.

Музиката на членовите на италијанското друштво повеќе не е достапна ниту во постарите објави.

Според регулаторот, Мета ја искористил економската зависност на СИАЕ и ѝ наштетил на нејзината конкурентност.

Властите забележуваат дека Мета исто така ги спречи музичарите на СИАЕ да ги промовираат своите дела на други социјални мрежи.

Американската компанија е подготвена да соработува со италијанските власти, изјави портпаролот на Мета, додавајќи дека сака да постигне договор кој би им одговарал на двете страни.

Loading...