Места на кои во минатото било забрането да се умира (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Забраната за умирање“ е општествено-политички феномен врз основа на кој се донесени закони според кои е забранто да се умре, обично во одредена политичка област или одредена зграда.

Најраниот случај за забрана на смрт е забележан во петтиот век пред новата ера, на грчкиот остров Делос, каде умирањето било забрането на верска основа. Денес, во поголемиот дел од случаите, забраната за смрт е сатиричен одговор на пропуста на владите да одобрат ширење на општинските гробишта.

Грците островот Делос го сметале за свето место, па поради тоа преземале различни мерк за да го „исчистат“ и направат достојно за ботовите. Во 6. век пред новата ера, тиранинот Пизистрат од Атина, наредил сите гробови кои се наоѓале во видокругот на храмот на островот, да се ископаат и телата да се отстранат на локација надвор од тој периметар. Во 5. век п.н.е. од островот се изместени си гробови, а на сила стапил и закон со кој се забранува умирање, но и раѓање на островот.

 

Loading...

 

Во модерното време ваквите забрани или барем нивните обиди, забележани се во Бразил, Франција, Шпанија и Јапонија.

Во 2005. година во Бразил, градоначалникот на гратчето Биртиба-Мирим донел указ, со кој на граѓаните кои живеат во тоа место им забранува да умрат. Иако не се претставени никакви посебни казни, градоначалникот имал намера на роднините на починатите да им наплаќа глоба, па дури и да ги испраќа во притвор, за да добие повеќе простор за надгробните споменици.

Главната причина за обидот за усвојување на таков закон е тоа што 28.000 жители на градот не воделе премногу сметка за личното здравје, поради што биле подложни на смрт, а тоа во старт значела потреба за повеќе гробни места.

Откако се отворени гробиштата во 1910. година повеќе од 50.000 луѓе биле погребани во 3.500 гробници и гробови. Во ноември 2005. година гробиштата се прогласени за полни, а 20 луѓе кои починале непосредно пред тоа, морале да ги делат гробниците, некои биле потребани дури и под шеталиштата.

 

 

Донесена е одлука да се изградат нови гробишта, но тоа се уште не се случило.

И во Јужна Франција три населби забраниле смрт. Градоначалникот на Лавандуа забранил смрт во 2000. година, откако одобрението за изградба на нови гробишта е отфрлено од еколошки проблеми. Новиот закон го опишал како „апсурден закон за спротивставување на апсурдна ситуација“.

Кунјо во 2007. година исто така забрани смрт од слични причини и дополнително добил дозвола за зголемување на локалинте гробишта, а инспириран од успехот на овој град и Сарпурен ги воведува истите мерки во 2008. година.

 

Loading...

 

Јапонскиот остров Ицукушима се смета за свето место ви Шинто религијата и се наоѓа на листата за заштита на културно наследство од УНЕСКО. Чистотата е најголемата загриженост за обожавањето на Шинто религијата, а поради тоа свештениците се обиделе островот да го ослободат од смртта, која ја сметаат за загадување.

Веднаш по битката кај Мијаџима во 1555. година, единствената борба на островот, командантот на победниците наредил да се отстранат сите тела на настраданите војници, но и целото боиште да се исчисти од крвта, по што „загадената“ земја е отстранета од островот. Одржувањето на хигиената во храмот Ицукушима е толку важно што во 1878. година немало ниту смрт ниту раѓања во близина на светилиштето.

До денешен ден, трудниците треба да преминат на копно кога им се приближува времето за породување, но и многу стари и болни лица. Погребите на островот и натаму остануваат забранети.

 

 

Кога се работи за Шпанија, смртта е забранета во андалузиското гратче Ланхарон. Предвидено е местото со 4.000 жители да остане под овој закон се додека владата не купи земјиште за нови гробишта.

Градоначалникот кој ја издал уредбата, објаснува дека воведувањето на ваков закон всушност е негов одговор на притисоците на политичарите кои од него барале брзо изнаоѓање на решение за проблемот кој веќе со децении е присутен.

За забрана на смртта во Велика Британија се испоставило дека е мит, а наводно на обичните луѓе им било забрането да умрат во кралската палата, како што е Вестминстерската, со оглед на тоа дека секој кој умре во кралската палата технички има право на државен погреб.

https://youtu.be/uIQ26kqccZE

Leave a Reply