Места кои ги „упропастиле“ туристите

Сподели со своите пријатели

Некои туристи не знаат да се однесуваат кога ќе отпатуваат некаде, па често прават работи кои не се дозволени на одредени места, а да не зборуваме за сметот кој го оставаат зад себе или отпушоците од цигари кои ги фрлаат, меѓу другото и на плажите.

Loading...

Додека од една страна од повеќе причини е супер кога местото е привлечно за туристите, тоа дефинитивно има и негативна страна.

За тоа зборуваат и дестинации кои туристите ги „упропастиле“.

Остров Комодо, Индонезија

Најавено е дека овој остров ќе биде затворен за туристите година дена, зад а се заштитат гуштерите комодо змеј, кои се ендемски вид.

Имено, од тамошното Министерството за заштита на животната средина соопштуваат дека фатиле крадци кои се обиделе да продадат 41 комодо змеј гуштеи на црниот пазар, па затоа е донесена одлука за забрана за туристите.

Loading...

На овој остров живеат 1.800 вакви гуштери, кои се најголеми во светот, можат да достигнат тежина и од 90 килограми и должина од два метри.

За време на забраната за доаѓање туристи на островот, ќе се набљудува дали овој рептил има доволно храна и дали се во здраво опкружување, за да се зголеми нивната популација.

Венеција, Италија

Венеција полека тоне, а за тоа допринесуваат бројни туристи кои секоја година ја посетуваат. Локалците често се жалат дека туризмот, вклучително и крузерите кои доаѓаат го зголемуваат загадувањето во градот. И УНЕСКО комитетот изрази загриженост како тоа ќе влијае на многу места од историско значење.

Поради големиот број туристи, во Венеција се донесени некои ригорозни закони: забрането е фрлање смет надвор од кантите за смет, забрането е шетање низ градот без маица, закачување катанци на мостовите, пишување по или оштетување на дрјав и градби.

Воведена и дури и нова такса, за да барем имаат некоја корист од туристите.

Loading...

Дубровник, Хрватска

Веројатно делумно за тоа е заслужна и серијата „Игра на тронови“ поради која Дубровник стана попривлечен за туристите. Градоначалникот на овој град во една прилика рекол дека само во 2015 година поради серијата во Дубровник дошел 20 отсто повеќе туристи.

Градот не може да се избори со толкав број туристи, поради што е најавено дека максималниот број туристи кои вот екот на денот ќе можат да го посетат Дубровник ќе биде 4.000 во следните две години.

Рејкјавик, Исланд

Рејкјавик е многу популарен меѓу тиристите, особено последните години. Само во 2015 година Исланд го посетиле 1,26 милиони туристи, во спроедба со популацијата од 330.000.

Loading...

Јасно е дека градот е „затрупан“ со туристи, што е прекрасно за економијата, но лоши поради инфраструктурата, а локалното население се жали дека поради туристите се кренати цените во продавниците.

Козумел, Мексико

Станува збор за преубав остров ов Карипско море, која е и една од најпопуларните дестинации за крстањет. Островот е опкружен со корални гребени, но проблемот е во тоа што голем дел од гребените се уништени од бродовите, како и загадувањето како последица на водениот сообраќај.

Loading...

Барселона, Шпанија

Жителите на Барселона се многу гласни во изразувањето незадоволство кон туристите. Претходно организираа и протести поради тоа, а популарните атракции дури ги промениле правилата.

На пример, големиот пазар „Ла Букерија“ забрани влез за туристи во групи поголеми од 15 луѓе. Таквата одлука е донесена затоа што претходно туристите доаѓале во големи групи и ја блокирале работата на пазарот фотографирајќи.

Loading...

Leave a Reply