Меркур е најблизу до Сонцето но не е најтопол: Факти кои малкумина ги знаат

Сподели со своите пријатели

Одамна е јасно дека вселената е огромна и недоволно истражена површина со чудни и често необјасниви појави. Многу феномени се случуваат и во нашта галаксија, а што се однесува до Сончевиот систем, колку и да сте упатени и тоа да е ваша област, сосема сигурно не ја познавате детално.

Loading...

Постојат интересни факти за планетите од Сончевиот систем кои се познати, но постојат и детали кои сигурно ќе ве изненадат.

Ви претставуваме пет интересни и помалку познати феномени од Сончевиот систем.

Најпотлата планета не е Меркур, иако е најблизу до Сонцето

Што поблизу е објектот до Сонцето, би требало да биде најтопол. Логично, зарем не? Но, не мора да значи дека е таква и состојбата во Сончевиот систем. Најтоплата планета не е Меркур кој е најблизу до Сонцето, туку Венера, која е веднаш зад Меркур.

Причината за оваа необичност е отсуство на атмосфера на Меркур. Соларната страна на планетата бргу се загрева, а темнат астрана исто така бргу се лади. Температурните флуктуации се движат од -170 до +420 степени целзиусови.

Со венера многу е покомплицирано. Планетата има атмосфера која не дозволува целата површина да се лади. Заедно со ефектот на стаклена градина, без оглед на периодот од денот, топлината рамномерно се распоредува по површината на планетата, а температурата на површината е околу 460 степени.

Loading...

Нептун испушта повеќе топлина од што прима

Нептун е најодалечената планета од Сонцето, која прима само мал дел топлина.

Во исто време, самата планета зрачи во вселената два пати повеќе топлина од што прима.

Се поставува прашањето како е тоа возможно?

Одговорот лежи во т.н. дијамантен дожд на површината на Нептун. Силнотот риење на таквите дождови, кои доаѓаат во допир со атмосферата, доведуваат до создавање на топлината.

Џуџести планети

До 2006 година Плутон се сметаше за девета планета на Сончевиот систем. Долги години Плутон го прифаќале како официјална планета на Сончевиот систем, се додека научниците не започнале да откриваат нови објекти слични на Плутон. Потоа, терминот „планета“ добил нова, попрецизна дефиниција и одлучено е на Плутон да му се додели класата „џуџести планети“.

Loading...

Значи, денес официјално постојат пет такви џуџести планети во нашиот систем и повеќе од 40 објекти кои имаат тенденција тоа да станат, но се уште не добиле такво официјално име.

Јупитер е пропадната ѕвезда

Составот на Јупитер е многу сличен на состав на ѕвезда. Се верува дека ако во Сончевиот систем имало повеќе „градежен материјал“ и ако Јупитер можел да достигне значително голема маса (околу три пати поголема), тогаш би било доволно да се претвори планетата во темно џуџе – вид ѕвезда.

Температурата на површината на темните џуџиња е мала, од неколку десетина до неколку стотина степени, а таквата „ѕвезда“ може да трае десетина милијарди години.

Голема црна дамка

Големата црна дамка претставува огромна бура на површината на Јупитер. Пречникот на точката не е константен, но е значително поголем од оној на Земјата. Големината на црната дамка во последните децении се намалува.

Loading...

Но, најинтересно во приказната е фактот дека бурата траела најмалку 190 години. Постои претпсотавка дека таа е уште постара, прв пат забележана во 1655 година, но се верува дека потоа ураганот згаснал, па повторно се распламтел.

Брзината на ветерот при такви бури е околу 500 километри на час.

Leave a Reply