Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин треба да се сретне со лидерката на белоруската опозиција Светлана Тихановскаја, која еден ден по изборите пребегна во егзил, во соседна Литванија, јави ДПА.
Тихановскаја пред средбата за „Дер Шпигел“ посочи дека разговорот може да ја вклучи и можноста германската Влада да посредува во конфликтот во нејзината земја.
ДПА потсетува дека долгогодишниот белоруски претседател Александар Лукашенко останува на власт во Минск и покрај одбивањето на Германија и многу други земји да ги признаат резултатите од изборите во август, на кои, тој, наводно извојува убедлива победа.
По средбата со Меркел, Тихановскаја оди на средба со лидерите на германската партија на зелените во Берлин, а утре, пак, е предвидено таа да се сретне и со шефот на германската дипломатија Хајко Маас.
Сашко Димевски