Меркел со јасна порака до Русија

Сподели со своите пријатели

Германската канцеларка Ангела Меркел повика на договор за продолжување на транзитот на рускиот гас преку Украина.

Loading...

Меркел, исто така, рече дека Германија сака да и помогне на Украина во транзицијата кон обновлива енергија.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека ќе го продолжи договорот за гас со Украина, кој истекува во 2024 година, пишува Ројтерс.

„Гасот не треба да се користи како геополитичко оружје“, рече Меркел по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев, додавајќи дека е важно Украина да остане транзитно земјиште.

Германија се обврза дека ќе ја поддржи Украина во развојот на нова енергетска мешавина и ќе го поддржи развојот на нови проекти во вредност од милијарда евра.

Една од идеите за иднината беше да се искористат сегашните гасоводи за транспорт на водород, „но тоа е проект што сѐ уште треба да се развива чекор по чекор и кој не може да го замени транзитот на гас до 2024 година“, рече Меркел.