Меркел ќе има пензија што просечен Македонец може да ја заработи за 4 години

Сподели со своите пријатели

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе прима пензија од 15.000 евра по повлекувањето од должноста, објави агенцијата ДПА.

Loading...

Ако земеме предвид дека просечната плата во Македонија (онаа реалната, не онаа според државната статистика) е околу 18.000 денари (околу 300 евра), тогаш просечен Македонец за оваа нејзина пензија би работел цели четири години. Но, тоа е привилегијата кога си најсилната жена во Европа со години.

Меркел, која е во Бундестагот од 1990 година и е канцеларка веќе 15 години, има право на пензија од 65 проценти од нејзината плата во парламентот.

 

 

Покрај тоа, таа ќе има право да ангажира асистенти, секретари и возачи на сметка на државата.

Имајќи предвид дека Меркел одби да учествува на следните избори за Бундестагот, таа ќе се повлече по формирањето на новата влада.

Loading...

Меркел е сѐ уште доста дискретна кога станува збор за нејзините идни планови.

„Има одредени барања кон мене додека сум на должност и ќе продолжам да работам до последниот ден“, рече таа за новинарите, пренесува Спутник.