Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел зборуваше на прошталниот настан на Рајнер Хофман, кој неодамна поднесе оставка како претседател на влијателен германски синдикат.
По тој повод таа го прекина молкот и за прв пат од почетокот на инвазијата на Украина проговори за руската агресија.
Таа го нарече нападот кршење на меѓународното право и „длабок пад“ без преседан во европската историја од Втората светска војна, пренесоа германските медиуми.
– Мојата солидарност е со Украина, која беше нападната од Русија и која ја нападна. Го поддржувам правото на Украина на самоодбрана, рече таа во средата навечер.
Таа нагласи дека ги поддржува напорите на германската влада, Европската унија, САД, НАТО, Г7 и ОН, со цел да се запре, како што наведе, „варварската и агресорска војна“.
Таа рече дека последиците ќе бидат далекусежни, особено за Украина, но и за целиот континент.
Таа се осврна на кршењето на правата на цивилите и злосторствата што ги извршија руските војници во Буча, повлекувајќи се од околината на Киев и рече: – Буча е показател за овој ужас.