Две лица се повредени, од кои едно потешко, откако автомобил излета од коловозот во центарот на Куманово.
Loading...
– На 21.12.2020 во 22.30 часот било пријавено дека на ул,,11-ти Ноември“ во Куманово, патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки, управувано од С.Р.(28) од с.Опае, општина Липково, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во незгодата, како што појаснуваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобила сопатничката С.Г.(28) од с.Романовце, кумановско, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски