Мерцедес ги предупреди сопствениците на нивните автомобили на можност од пожар, но од фабриката сѐ уште немаат решение

Сподели со своите пријатели

Ако возите Мерцедес со дизел мотор кој е произведен од јануари 2017 до октомври 2021 година, вашиот автомобил може да има проблем со пумпата за вода. Во ретки случаи, оваа пумпа може да истече, што доведува до значително зголемување на температурата на моторот, што ја зголемува можноста за пожар.

Loading...

Како што наведува Мерцедес во соопштението, пумпата за вода, која се контролира со вакуум, може да истече помеѓу вакум системот и системот за ладење и на тој начин да оштети бројни компоненти.

 

 

Ако течноста за ладење дојде во контакт со електричните прекинувачи на вентилот, температурата на одредени делови од моторот во изолирани случаи може да се зголеми поради електрохемиската реакција.

Бројот на возила кои имаат потреба од отповикување не е најголемиот проблем за Мерцедес. Според „Билд“, германскиот производител на автомобили ги нема потребните делови за сервисирање, па повлекувањето сè уште не е започнато, пред се поради нарушување на мрежата на добавувачот предизвикан од коронавирус. Повлекувањето треба да започне веднаш штом ќе бидат достапни потребните компоненти, но се уште не се знае кога тоа ќе се случи.

 

Loading...

 

 

Дотогаш Мерцедес ги советуваше возачите да возат многу внимателно и да ја сведат употребата на автомобили на минимум. Моделите кои потенцијално би можеле да го имаат овој проблем се G-Class, GLC, GLE, GLS, CLS, C-Class, E-Class и S-Class.