Иднината се приближува, и колку се приближува, толку понереално изгледа. Новиот проект Mercedes -Benz- автомобилот Vision AVTR, овој автомобил извршува команди со „читање на мислите“ на сопственикот.
Тоа е футуристичко решение, а креаторите тврдат дека оваа возило се управува со команди откако сопственикот само ќе размисли за нив. Сепак, системот се потпира и на сетилото за вид – има светлосни точки на контролната табла што одредуваат каде гледа возачот, а возачот носи уред за BCI (мозочен компјутер -интерфејс) со електроди прикачени на задниот дел од главата.
По кратко прилагодување, уредот наводно може да ги следи и снима процесите во мозокот, па кога корисникот гледа во одредена светлосна точка на контролната табла, возилото „знае“ што да прави.
Овој автомобил оди по теоретски претпоставки – посетителите на настанот IAA Мобилност 2021 година можеа да ја испробаат новата технологија на штандот на Мерцедес -Бенц
– сигурно ќе потрае некое време пред автомобилите да почнат да ги читаат нашите мисли. Сепак, сеуште се бориме со автономно возење.