Мерц: Германија поминува низ еден од најтешките периоди

Сподели со своите пријатели

Германија моментално поминува низ еден од најтешките периоди во својата модерна историја, изјави канцеларот Фридрих Мерц за време на своето обраќање пред членовите на Бундестагот.

„Како земја, поминуваме низ еден од најтешките периоди во нашата модерна историја“, нагласи Мерц.

Тој истакна дека Германија не се соочува сама со предизвици, туку дека тешкотиите влијаат и на „целата западна заедница на вредности“.

Според него, последиците од овие околности се чувствуваат пред сè во германската економија, која е силно ориентирана кон глобалните пазари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Аеродромот во Берлин сè уште е блокиран по сајбер нападот