Менувал податоци во пасошот, приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин „Табановце“ вчеравечер околу 23 часот, од слобода бил лишен Р.А.(58) од Република Албанија, кој управувал патничко возило „фолксваген голф“ со албански национални ознаки, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

При пасошка контрола, како што појаснуваат од полицијата, било констатирано дека во неговата патна исправа било извршено менување и бришење на информации.

Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply