Менталните проблеми поради пандемијата поголеми кај жените

Сподели со своите пријатели

Жените се соочуваат со менталните проблеми предизвикани од пандемијата многу повеќе од мажите, затоа што сметаат дека е потешко да се толерираат воведените карантински мерки за борба против коронавирусот, покажа истражувањето.

Loading...

Научниците од Институтот за социјални и економски истражувања од Универзитетот во Есекс тврдат дека жените потешко ја поднесуваат изолацијата, како резултат на карантинските мерки воведени поради коронавирусот.

Оваа студија покажува дека бројот на оние кои имаат барем еден сериозен психолошки проблем се зголемил меѓу двата пола по пандемијата.

Кај мажите, уделот на оние со најмалку еден сериозен ментален проблем се зголеми од 7 проценти на 18, а кај жените од 11 на 27 проценти, пренесува Гардијан.

Leave a Reply