Меморијален марш од Диво насеље на 9-ти мај

Сподели со своите пријатели

Жителите на Диво Насеље, една година по настаните од 9 мај се уште не се спокојни. Тие се собраа пред влезот на населбата за да испратат порака до политичките субјекти. Во пресрет на годишнината од настаните во Куманово, Советот на семејствата на Диво Насеље, се спротивстави на најавата на опозицискиот Совет, нивниот протест да започне од местото каде се случи настанот минатата година.

Шабан Демири, претставникот на Советот на семејствата од населбата, вели дека никој не се консултирал со нив да се организираат протести во нивно име, за како што велат политички цели.

Не знам колкава тежина има таа работа, тие да дојдат тука без да не известат. Прво, ние не знаеме кои се и од каде излезе овој опозициски Совет. Ние им рековме и на политичките партии. Не ни дадоа поддршка тој ден кога требаше и не им е местото тука. Им кажавме на сите политички партии дека тука имаат „СТОП“! Од Диво Насеље може да започне само меморијалниот марш и тоа ќе го направиме. Ќе организираме меморијален марш во чест на борците и загинатите – изјави Шабани.

Жителите од населбата апелираат до сите политички субјекти да не ја посетуваат населбата, ниту на 9 мај, ниту кој било ден, бидејќи не се добредојдени. Лиман Љутфиу, таткото на Фадиљ и Ирфан, обвинетите од кумановската група, вели дека ќе маршираат по повод годишнината од настаните поради кои нивните внуци растат без своите татковци.

Со мака ги издржувам. Како да ги гледам во таа урнатина? Гледате ли како ги уништија куќите? Не знам каква политика е направена тука. Ние не знаеме ништо. Мојот син е невин. Не згреши ништо и нема никаква врска со оваа работа – изјави Љутфиу.

Погодените семејства од вооружениот конфликт на 9 мај 2015 година, во спомен на жртвите и затворените, најавија меморијален марш кој ќе започне од нивната населба па се до влезот на Куманово.

Извор: ТВ21

Loading...