Мелони пристигна во САД на средба со Бајден

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони пристигна во САД, каде денеска во Белата куќа ќе се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден, јавува АНСА.

Loading...

Италијанското претседателство со Г7 ќе биде едно од прашањата за кои ќе разговараат лидерите на двете земји.

Тоа ќе биде втора средба меѓу Бајден и Мелони за околу седум месеци.

Бајден ќе се обиде да ги убеди европските лидери дека САД ќе застанат покрај Украина, дури и откако не успеаја да го натераат Конгресот да усвои странска помош, од кои 60 милијарди долари ќе одат за Украина и 35 милијарди долари за Израел и кинескиот регион Тајван, според ABC.

Нацрт-законот за помош помина во Сенатот, но претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон, републиканец, одби да го изнесе на гласање во Конгресот.

Пред пристигнувањето на Мелони, претставниците на Белата куќа рекоа дека немаат добри одговори за сојузниците за изнаоѓање решение со републиканците и повторно испраќање на американска помош за Киев, што е многу потребна додека Украина се обидува да спречи руски напад, додаде ABC.

„Не можам да ви кажам што мислат републиканците во Претставничкиот дом, но јасно е дека тие имаат влијание, не само врз американската безбедност, туку и врз безбедноста на сојузниците и партнерите ширум светот“, рече портпаролката на Белата куќа, Оливија Далтон.