Мелони: Нема да дозволам Италија да стане „европски бегалски камп“

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави во Њујорк дека нема да дозволи Италија да стане „европски бегалски камп“.

Loading...

Мелони, која присуствува на Генералното собрание на Обединетите нации, рече дека зголемениот прилив на мигранти на островот Лампедуза ја стави Италија под „неодржлив притисок“.

Мелони ги отфрли критиките за меморандумот за разбирање што ЕУ го потпиша со Тунис за да ги спречи шверцерите на мигранти да ги користат туниските брегови за полетување на бродови преку Медитеранот и нагласи дека договорот мора да се спроведе, пренесува Танјуг.

Премиерката, кој имаше клучна улога во постигнувањето на тој договор, рече дека слични договори треба да се постигнат и со други земји, пренесе АНСА.

Италијанската премиерка истакна дека сега е заинтересирана да види како солидарноста што ја покажуваат многу земји во однос на мигрантската ситуација во Италија ќе се претвори во конкретни акции.

Италијанската влада усвои мерки во понеделникот во обид да го намали приливот на мигранти, откако рекорден број од нив – околу 11.600 – пристигнаа на италијанскиот остров Лампедуза минатата недела.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во неделата за време на посетата на островот заедно со Мелони објави дека ЕУ ќе усвои план од 10 точки за намалување на приливот на мигранти.