Мелони до Трамп: Италија и Америка се „сестрински нации“

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони упати „искрени честитки до Доналд Трамп за неговата победа на претседателските избори во САД“.

Таа ги опиша Италија и САД како „сестрински нации“ врзани со нераскинлив сојуз, заеднички вредности и историско пријателство.

Џорџа Мелони во објава на социјалните мрежи изрази уверување дека оваа стратешка врска сега дополнително ќе се зајакне и упати најубави желби до идниот американски претседател.

Италијанскиот премиер има блиски врски со Илон Маск, што многумина го толкуваат дека Италија ќе има добри односи со новата американска администрација.