Мелони: Браќата на Италија се потврди како водечка италијанска партија

Сподели со своите пријатели

Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека нејзината партија „Браќата на Италија“ (ФДИ) се потврдила како водечка италијанска партија на вчерашните избори за Европскиот парламент бидејќи постигнала уште подобри резултати од претходните избори.

Loading...

Во објава на мрежата Х, Мелони објави фотографија на која покажува со прстите на буквата „V“, што го означува италијанскиот збор за победа (виторија).

Партијата „Браќата на Италија“ освои 28,85 отсто од гласовите на изборите за ЕП, додека левичарската опозициска Демократска партија (ПД) е на второ место со 24,04 отсто, покажуваат податоците на МВР, пренесува АНСА.

„Движењето 5 ѕвезди“ освои 9,91 отсто од гласовите, а партијата „Напред Италија“ 9,72 отсто од гласовите.

Екстремно десничарската лига на Матео Салвини освои 9,14 отсто од гласовите.