Австралискиот град Мелбурн, кој помина повеќе време е под локдаун од било кој град во светот, се подготвува да укине некои ограничувачките мерки во наредната недела, изјавија денеска локалните власти.
До петок, кога ќе се укинат некои мерки, ќе поминат 262 дена во кои пет милиони граѓани на Мелбурн беа под целосен локдаун, во шест наврати од почетокот на пандемијата, објави Ројтерс.
Австралиските и другите медиуми наведуваат дека ова е најдолгото заклучување во светот, кое го надмина заклучувањето на аргентинскиот Буенос Аирес од 234 дена.
Иако бројот на заразени со коронавирус продолжи да расте во државата Викторија, каде Мелбурн е главен град, бројот на ревакцинирани лица се очекува да биде 70% оваа недела, што ќе овозможи ублажување на мерките, пренесува Танјуг.
„Денес е одличен ден, кога Викторијанците можат да бидат горди на постигнатото“, рече викторијанскиот премиер Даниел Ендрјус за време на најавата за укинување на мерките.
Австралиската држава денеска регистрираше 1.838 нови случаи и седум смртни случаи.
Понатамошно олеснување на мерките се очекува кога 80 проценти од населението во Викторија ќе се ревакцинира.