Мексико: Жителите на Акапулко се подготвуваат за ураган од петта категорија

Сподели со своите пријатели

Жителите на пристаништето Акапулко во Мексико и околните крајбрежни градови на југот на земјата се подготвуваат за пристигнувањето на потенцијално катастрофалниот ураган Отис од петта категорија.

Loading...

Ураганот Отис зајакна од тропска бура во опасен ураган од петта категорија за 12 часа во вторникот додека се приближуваше до јужниот брег на Мексико во Пацификот, објави АП.

Американскиот Национален центар за урагани соопшти дека Отис имал максимални постојани ветришта од 160 километри на час доцна во вторникот навечер и се очекува да падне на копно денеска во близина на Акапулко.

Се прогнозира дека Отис ќе ослабне оваа вечер над јужниот дел на Мексико.

Мексиканската армија и морнарица распоредија повеќе од 8.000 лица во областа со специјализирана опрема за да помогнат во спасувањето, а властите го затворија пристаништето Акапулко.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор им порача на жителите на платформата X (Твитер) да одат во засолништа или да останат на безбедни места подалеку од бреговите.

Владата на мексиканската држава Гереро објави дека подготвува 396 засолништа.

Градоначалничката на Акапулко, Абелина Лопес изјави дека Отис може да биде поразорен од ураганот Полин, кој го погоди Акапулко во 1997 година, кога загинаа 200 луѓе, а делови од градот беа уништени, додека стотици други беа повредени во поплави и лизгање на земјиштето, пренесува Танјуг.

Loading...