Мексико: Војна меѓу нарко клановите и полицијата, од 16 загинати, дури 12 се полицајци

Сподели со своите пријатели

Најмалку 16 лица, од кои 12 полицајци, загинаа во два вооружени напади во јужниот дел на Мексико, каде насилството често е поврзано со трговија со дрога, соопштија локалните власти.

Loading...

Во нападот во југозападната мексиканска држава Гереро загинаа 11 полицајци.

Неидентификувани напаѓачи отвориле оган врз полициска патрола придружувана од локалниот секретар за безбедност, изјави заменик-јавниот обвинител на државата Герера, Алехандро Ернандез.

Четворица цивили и еден полицаец загинаа во вооружен напад во соседната држава Мичоакан, соопштија локалните власти.

Истрагата за нападите е во тек.