Мексико: Во 2020 година убиени над 36.500 луѓе

Сподели со своите пријатели

Според податоците на Националниот институт за статистика, бројот на убиства во Мексико од 36.579 во текот на минатата година во основа останал непроменет во споредба со 2019 година, пренесува АП.

Иако пандемијата на коронавирусот намали многу други активности во оваа централноамериканска земја во текот на 2020 година, бројот на убиства остана близу до оној од 2019 година, кога беа убиени 36.661 лица.

Ова значи дека стапката на убиства во Мексико во 2020 година остана непроменета, 29 на 100.000 жители.

За споредба, според АП, стапката на убиства во САД во 2019 година е 5,8 на 100.000.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор изјави дека неговата администрација успеала да го запре зголемувањето на бројот на убиства, но дека сè уште не ги намалила во поголема мера.

Експертите велат дека голем дел од насилството во Мексико е поттикнато од национални судири меѓу нарко-картелите Халиско и Синалоа, кои често дејствуваат заеднички или преку локални банди.

Leave a Reply