Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор предложи закон за укинување на летното сметање на времето, со што треба да се стави крај на практиката на менување на часовникот двапати годишно, пренесува АП.
Секретарот за здравство Хорхе Алкосер рече дека Мексико треба да се врати на „Божјиот часовник“, или стандардно време, тврдејќи дека поместувањето на часовникот наназад или напред му штети на здравјето на луѓето.
Мексиканците го поместија часовникот напред оваа година на 3-ти април, а треба да ги вратат назад на 30-ти октомври.
Промените, доколку бидат одобрени, најверојатно ќе важат од следната година.
Економистите тврдат дека враќањето на стандардното време може да предизвика проблеми за финансиските пазари во Мексико, бидејќи пазарите на американскиот источен брег би биле далеку понапред.
Претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор објави дека затоа размислува да го задржи летното сметање на времето за некои погранични држави на север, според АП.