Мексиканските безбедносни служби трагаат по 31 мигрант кои биле киднапирани од вооружени лица во текот на викендот додека патувале кон границата со САД, соопштија властите.
Портпаролот на државната безбедност Хорхе Куелар изјави за Ројтерс дека автобусот патувал од индустрискиот град Монтереј до Матаморос, на границата со американската сојузна држава Тексас, кога бил пресретнат од криминалци во пет автомобили.
Возачот ја известил полицијата за киднапирање на патници од различни националности.
Претходно, властите соопштија дека припадниците на Националната гарда во понеделникот ослободиле пет Венецуелци, вклучително и двајца малолетници, кои биле киднапирани додека патувале од Монтереј до Матаморос.
Барателите на азил и активистите за човекови права со месеци предупредуваат за ескалација на киднапирачката криза во пограничната држава Тамаулипас, каде што дејствуваат различни моќни криминални групи кои се борат за власт.