Мексико: Деветто убиство на новинар оваа година

Сподели со своите пријатели

Мексикански новинар е пронајден мртов во Синалоа. Ова е деветто убиство на новинари од почетокот на годината во Мексико, што го прави една од најопасните земји за новинарите и медиумските работници.

Loading...

Државниот обвинител на Мексико соопшти дека телото на познатиот новинар и колумнист на El Debate, Луис Енрике Рамирез, е пронајдено во близина на автопатот во државата Синалоа.

 

Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“

 

Телото на новинарот го пронашле безбедносните сили во црна кеса и завиткано во пластика, изјавил неговиот работодавец.

Тој беше призната личност во северозападно Мексико и работеше во водечки весници во текот на својата четириесетгодишна кариера, пренесува Гардијан.

Портпаролот на претседателот Хесус Куевас изјави дека федералната влада ќе соработува со локалните власти во истрагата за смртта на новинарите и дека „ќе ги зајакне безбедносните мерки за новинарите“.

Loading...

 

Ќе тргне ли Путин и на Молдавија? „Ќе се отвори нов фронт против Украина“

 

Комитетот за заштита на новинарите соопшти дека е шокиран од убиството на новинарот и ги повика властите да го истражат случајот.

Насилството врз медиумите во Мексико нагло се зголеми за време на администрацијата на претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, соопшти организацијата „Член 19“, која е посветена на слободата на печатот.

Само за време на неговата администрација, биле убиени 34 новинари, вклучувајќи го и убиството на новинарот Рамирез.