Мексикански уметник со изложба во Куманово

Сподели со своите пријатели

Мексиканскиот уметник Виктор Мануел Хернандез Кастиљо утревечер со почеток во 19 часот во кумановската Уметничка галерија ќе ја отвори својата изложба на графики.

Изложбата е во организација на НУ Музеј Куманово во соработка со Секретаријатот за надворешни врски на Мексико.

Кастиљо дипломирал во 1985 година во националното училиште за ликовна уметност во мексико, во 1991 година магистрирал на графичкиот отсек за применета уметност во Краков каде е на постмагистарски студии по сликарство.

Свои самостојни изложби имал во Канада, Полска, Јапонија, Кореја, Русија, Германија и Србија.

Добтиник е на повеќе национални и интернационални пофалници и признанија, а воедно работи и како професор на Факултетот за уметност и дизајн на Националниот автономен универзитет во Мексико.

Leave a Reply