Мекдоналдс, Кока-Кола и Старбакс ги прекинаа своите активности во Русија

Сподели со своите пријатели

Потрошувачките гиганти Мекдоналдс, Кока-Кола и Старбакс се приклучија на листата на компании кои ја прекинаа работата во Русија поради инвазијата на Украина, јавува Би-Би-Си.

Loading...

Мекдоналдс соопшти дека привремено ги затвора своите 850 ресторани во Русија, додека Старбакс исто така соопшти дека ќе ги затвори своите 100 кафулиња.

 

Зеленски: Благодарен сум му на претседателот Бајден, тоа беше најсилниот сигнал за целиот свет (ВИДЕО)

 

Мекдоналдс рече дека „луѓето во Украина страдаат неселективно“, а Кока-кола војната ја нарече „трагична“.

Старбакс и Кока-Кола соопштија дека ќе продолжат да ги плаќаат своите вработени.

Сето ова се случи за само неколку часа, цела низа огромни мултинационални компании се повлекоа од Русија.

Loading...

Последна во низата компании што ја прекина работата во Русија е Пепси, а одлуката е донесена еден час откако Кока-кола го стори тоа.

Пепси ги суспендира продажбата, рекламирањето и промотивните активности поврзани со своите пијалаци во Русија, вклучително и Pepsi-Cola, 7Up и Mirinda.

 

Објавени нови сателитски снимки од рускиот конвој во близина на Киев

 

Откако PepsiCo, чиј пијалак беше меѓу ретките западни производи дозволени во Советскиот Сојуз пред неговиот распад, објави дека ќе продолжи да продава секојдневни потреби како млеко и други млечни производи, храна за бебиња и мали деца во Русија. Тоа ќе го направат, рекоа, од хуманитарни причини.

Корпорацијата Старбакс објави дека ги суспендира сите деловни активности во Русија и дека околу 130 кафулиња што го носат неговото име ќе бидат затворени.

Групацијата Алшаја, со седиште во Кувајт, која има лиценца за работа во Русија, „одлучи веднаш да ја прекине работата и ќе обезбеди поддршка за речиси 2.000 партнери во Русија чии средства за живот зависат од Старбакс“, рече извршниот директор Кевин Џонсон.

Loading...

 

Објавени нови сателитски снимки од рускиот конвој во близина на Киев

 

Старбакс најави и дека ќе престане да испраќа производи во Русија.

Своето работење во Русија вчера го суспендираше и нафтената компанија Шел и спортскиот гигант Адидас.

Познати компании, меѓу кои и Нетфликс и Левис, во последните денови ја прекинаа продажбата или престанаа да даваат услуги во Русија.

IKEA, H&M и Zara привремено ги затворија своите продавници во Русија.

Испораките во Русија беа запрени од Apple и Samsung.

Loading...