„Долгорочна цел на Лондон се конструктивни односи со Москва, изјави премиерката на Велика Британија Тереза Меј.
Таа по обраќањето пред британските пратеници во Лондон рече дека го поддржува состанокот на претседателите на Русија и САД Владимир Путин и Доналд Трамп во Хелиснки, но нагласува дека Лондон ќе продолжи да „спречува и да се бори“ против обидите Русија да ги загрози западните вредности.
Меј истакна дека е неопходно јасно да се пренесе до Русија на кои полиња треба да го промени своето „однесување“, јавува Спутник.
Односите на Британија и Русија сериозно се влошени по обвиненијата на Лондон за вмешаноста на Москва во два напади со нервен агенс во март и јуни годинава.