Осмиот Меѓународен саем на органски и традиционални производи „Органска трпеза“ и 4. Меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработка „Агромак“ од утре ќе бидат отворени во Куманово.
Саемската манифестација, која ќе трае три дена на паркингот кај градскиот базен ќе биде отворена за посетители од 9 до 18 часот.
Истата има за цел да промовира здрави производи, современи земјоделски технологии и можности за преработка на храна.
Настанот е организиран со поддршка на Општина Куманово, преку Програмата на Одделението за стратешко планирање, креирање политики, следење и локален економски развој – ЛЕР.
Никола Ивановски