Со Меѓународната изложба на фотографии „Photo story“ вечерва со почеток во 20:00 часот продолжува програмата на Ноемвриските денови по повод празникот на Куманово „11ти Ноември“.
Во организација на Фото клуб „Куманово“, ќе собере на едно место шеесетина фотографии на учесници од различни земји. Како што информираше Жаклина Стефановска, координатор на изложбата.
– Овој пат фотографите имаа можност да се натпреваруваат меѓу себе во 9 категории и тоа: слободна (колор), слободна (црно-бела), фотожурнализам, жена, травел, природа, лајф, улица и минамализам. Бројката на примени фотографии е над 6200 од 305 фотографи од 53 земји од целиот свет. Примените фотографии ги жирираше трочлено еминентно жири, кое имаше мошне тешка задача. Тие доделија 27 златни, 18 сребрени, 18 бронзени медали и 81 диплома. Секој изложен кадар ќе го доживеете различно, со едни ќе се радувате, со други ќе тагувате, со трети ќе се изненадите, но кај сите приказната е таа која е најгласна, како и насловот на салонот. Тој различен светоглед ќе Ве вивне во височини на моменти, но и ќе Ве спушти во длабока бездна, секако фотографиите ќе Ви остават длабок впечаток, изјави Стефановска.
Манифестацијата е под покровителство на Министерството за култура.