Меѓународна велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

По повод празникот „11ти Октомври“ во Куманово во четврток ќе се одржи традиционална велосипедска трка „Трофеј 11ти Октомври“.

Организатори на манифестацијата се Велосипедски клуб Вело-М Термалифт, Општински сојуз на спортови Куманово и Велосипедска федерација на Македонија.

Традицијата започнала уште од самиот почеток на одбележување на овој историски ден и до ден денес сеуште се организира.

Трката ќе се одржи низ главните два булевара на град Куманово, „Октомвриска револуција“ и „Трета Македонска Ударна Бригада“.

Манифестацијата ќе започне со претставници од основите училишта преку Училишен спорт, следни на стартната линија ќе бидат децата од градинките. Во 12:30 започнува трка за професионалните велосипедисти од сите велосипедски клубови во Македонија и ќе се бодува за Ранг Листа на Македонија, на стартната линија ќе се појават и екипи од Бугарија, Србија и Косово и трката ќе се здобие со интернационален карактер, информираат од Вело-М Термалифт.

Манифестацијата, како што додаваат од клубот, ќе ја отвори највисокиот државен врв, предводен од премиерот Зоран Заев.

Leave a Reply