Меѓународна изложба на уметничка фотографија МОТУС во Куманово

Сподели со своите пријатели

Здружението за промоција на интелектуални, мултикултурни и спортски вредности – МОТУС од Куманово, преку својот Фото клуб – Мотус, во период од 26 декември (четврток) 2024 до 22 јануари 2025 во просториите на Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, ќе ја организира првата Меѓународна Изложба на Уметничка Фотографија МОТУС 2024.

Loading...

На конкурсот се пријавија вкупно 150 автори од 44 држави со вкупно пријавени 1726 фотографии (во три категории: Тема А – monochrome, Тема Б – Color и Тема Ц – Nature). Од вкупниот број на пријавени автори и  фотографии жирито избра вкупно 508 фотографии од 130 автори од 41 држава.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Утре изложба по повод 50 години постоење на Ликовна колонија „Куманово“

Жирито беше во состав: Дејан Ангеловски (F1FSM, AFIAP – Македонија), Борислав Миловановиќ (EFIAP/D2, ESFIAP, MPSA, EDIPA/P, GPU CR4 – Србија) и Самир Захировиќ (EFIAP/b, KMFAUFBiH – Босна и Херцеговина).

На изложбата ќе бидат изложени вкупно 54 фотографии.

Финансиер на изложбата е Општина Куманово, преку програмата за подршка на културни манифестации за 2024 година, а истата е под патронат на Меѓународната Федрација на Фотографска Уметност (ФИАП 2024/483), (Фото Сојуз на Македонија (ФСМ 2024/06) и Меѓународна Фото Асоцијација Дунав (ДИПА 2024/36).

Изложбата ќе биде отворена на 26 (четврток) декември 2024 во 19:30 часот во Изложбениот салон  на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановци освоија прво место во „Dota 2“ турнир (ФОТО)

Интегрално соопштение