Фото кино клуб “Козјак” и овој пат ги собра фотографиите на нашите и странските автори, на традииционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово 2025. Учесниците имаа можност да се престават во слободна тема.
Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино Клуб “Козјак” и годинава традиционално ја организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, Фото Салон 2025.
На натпреварот земаа учество 127 автори од 12 земји од целиот свет. Жирито во состав на Радисав Филиповиќ (Србија), Михаел Кацафура (Словенија), Борис Божиќ (Австрија), Неда Рачки (Хрватска) и Боро Рудиќ (Македонија) на изложбата доделија 18 награди од кои 9 медали и 9 дипломи за фотографии, а за најдобар автор на изложбата беше прогласен Олег Маловитски од Украјна.
Отворањето на изложба ќе биде на 20.11.2025, четврток во Уметничката Галерија на градот Куманово во 19:00 часот.
Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото Салон прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот.
Покровители на изложбата се Министерство за Култура, Општина Куманово и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.
Интегрално соопштение

