Меѓународна изложба на уметничка фотографија „Фото Салон Куманово 2023“

Сподели со своите пријатели

Фото кино клуб „Козјак“ и овој пат ги собра фотографиите на нашите и странските  автори,  на традииционалната меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото Салон Куманово 2023. Учесниците имаа можност да се престават  во категорија Слободна.

Бурното време во кое што живееме, потполната дигитализација и брзиот развој на технологијата им дозволува на фотографите да бидат сведоци на историјата која се одигрува пред нивните фотоапарати. Затоа Фото Кино Клуб “Козјак” и годинава ги доби сите признанија од фотографските организации ширум светот. Традиционално ја организира најстарата меѓународната изложба во Македонија, Фото Салон 2023.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири кандидати за градоначалник во Старо Нагоричане и осум советнички листи

На натпреварот земаа учество 115 автор од 10 земји од целиот свет. Жирито во состав Милош Нешковски (Македонија), Бранимир Ритоња (Словенија) , Марјан Јаневски (Македонија) на изложбата доделија 25 награди во категорија Слободна и главната награда за најдобар автор на изложбата.

Отворањето на изложба ќе биде на 01.11.2023, среда во Уметничката Галерија на градот Куманово во 19:30 часот.

Се започна во 1962 година, најпрвин како клупска подоцна како меѓуклупска изложба, односно меѓурепубличка, а во последниве неколку години Фото Салон прерасна во една од најпочитуваните и најпосакуваните изложби меѓу авторите од државите ширум светот.

Покровители на изложбата се Министерство за Култура, Општина Куманово и истата е под патронат на Фото Сојуз на Македонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Имам обврска да ги довршам сите почнати и да реализирам нови проекти

Интегрално соопштение