Меѓународен пара-пинг понг турнир утре со почеток од 09:30 часот ќе се одржи во спортската сал на Гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.
Како што информира Бранимир Јовановски од Клубот за спорт и рекреација на инвалиди од Куманово, турнирот ќе има меѓународен карактер и ќе учествуваат 22 лица со инвалидност.
Покрај натпреварувачи од Македонија, учество ќе земаат и спортисти од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија и Србија.
Никола Ивановски

